„Ѕидот на стравот падна“: Иранските власти го предупредуваат Хамнеи за опасноста од бунт

Од:

Иранското раководство е сè поотворено загрижено дека евентуалниот воен удар од страна на САД би можел да има далекусежни домашни последици, вклучително и обновување на масовните протести и доведување во прашање на опстанокот на сегашната влада, објавува Ројтерс, повикувајќи се на ирански претставници запознаени со расположението во врвот на режимот.

Според агенцијата, на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, му било кажано дека незадоволството во општеството, предизвикано од бруталното задушување на јануарските протести, достигнало критична точка. Внатрешните проценки покажуваат дека стравот кај граѓаните значително се намалил и повеќе не е фактор што би ги одвратил од излегување на улиците.

Ирански извори цитирани од Ројтерс предупредуваат дека надворешниот притисок, особено во форма на евентуален воен удар од страна на САД, би можел да дејствува како повод за нов бран демонстрации и порадикални форми на отпор кон властите. Во овој контекст, некои во раководството веруваат дека „ѕидот на стравот е паднат“ и дека општеството влегло во фаза на длабоко и отворено негодување.

Во исто време, во извештајот се потсетува дека имало индикации за можна средба меѓу претставници на Вашингтон и Техеран на 6 февруари во Турција, како дел од обидот за продолжување на разговорите за нуклеарната програма на Иран и регионалните безбедносни прашања. Сепак, според истите извори, политичките и безбедносните околности би можеле да доведат до одложување или целосно откажување на овие разговори.

Комбинацијата од внатрешно незадоволство и надворешен притисок, според соговорниците на Ројтерс, претставува еден од најсериозните предизвици за иранската влада во последните години, со неизвесни последици за стабилноста на земјата и поширокиот регион.

Би можело да ве интересира

Пезешкијан: Иран ќе ја поддржи секоја одлука што ќе ја донесат палестинските лидери

„Фајненшл тајмс“: Трамп e заглавен помеѓу војната и договорот со Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Детали од планот за отворање на Ормутскиот теснец

(ВИДЕО) Трамп пред историска одлука за Иран: Во војната во која не може да си дозволи ниту да победи ниту да изгуби

Тензиите растат: Иран порача дека нема да ja шири војната, Трамп се закани со жесток удар

Горан Наумовски

Украина во последен момент се спаси од ирански напад