(ВИДЕО) Тошковски: Успешен старт на „Безбеден град“, мал број прекршоци

Од:

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети компјутерскиот центар на проектот „Безбеден град“ во СВР Скопје, каде што официјално започна примената на системот за автоматска евиденција на сообраќајни прекршоци.

Според Тошковски, проектот се спроведува согласно планираните параметри, а првичните резултати укажуваат на значително намалување на бројот на сообраќајни прекршоци во споредба со тест-периодот кој започнал пред два месеца.

„Заклучно со денес, околу 20 часот, регистрирани се приближно 500 сообраќајни прекршоци детектирани од паметните камери, што претставува значително намалување во однос на периодот кога беа евидентирани над 120.000 прекршоци“, изјави Тошковски.

Министерот информираше дека, според податоците на СВР Скопје, бројот на повредени лица во сообраќајни незгоди е намален за околу 35 отсто, додека бројот на смртни случаи е намален од 11 на 4.

Тошковски оцени дека имплементацијата на проектот „Безбеден град“ претставува чекор кон унапредување на сообраќајната безбедност и примена на европски стандарди, изразувајќи очекување дека позитивниот тренд ќе продолжи и во наредниот период.

Би можело да ве интересира

Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут“, бара СДСМ

Тошковски ги отфрли барањата за оставка: Резултатите на МВР се најдобри досега

Горан Наумовски

Левица: Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на Бехтел и Енка

Тошковски: Никогаш нема да ја заборавиме жртвата на загинатите полицајци во Диво Насеље

Тошковски: Криминалот е на најниско ниво во последните 20 години

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР