Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да разговара со Иран во услови на зголемени тензии.
– Имаме многу многу големи, многу моќни бродови кои моментално пловат кон Иран и би било одлично ако не мора да ги користиме, изјави Трамп пред новинарите во Центарот Кенеди, каде што се прикажуваше филмот „Меланија“, објави Ројтерс.
Иранската војска предупреди дека секој нов чин на агресија против Иран ќе биде пресретнат со итен и решителен одговор, нагласувајќи дека лекциите од 12-дневната војна во јуни минатата година трајно ја промениле воената доктрина и правилата за ангажирање на вооружените сили.
Портпаролот на иранската војска, бригаден генерал Мохамед Акрамини, синоќа изјави дека иранските вооружени сили добиле јасни наредби кои не оставаат простор за одложување на одговорот во случај на, како што го нарече, уште една „грешка од страна на непријателот“, објави Иран Прес ТВ.