Лукои ги продава странските средства на американската Карлајл груп

Од:

Руската нафтена компанија Лукоил соопшти дека постигнала договор за продажба на поголемиот дел од своите странски средства, проценети на околу 22 милијарди долари, на американската инвестициска компанија Carlyle Group, под услов трансакцијата да добие одобрување од американските регулаторни власти.

Како што објави руската агенција ТАСС, договорот се однесува на продажба на Lukoil International GmbH, единицата преку која компанијата управува со своите странски средства. Од Лукоил наведуваат дека договорот не е ексклузивен и дека е предмет на низа услови, меѓу кои и добивање дозвола од Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) при Министерството за финансии на САД.

„Потпишаниот договор е условен со добивање на сите потребни регулаторни одобренија, вклучително и дозвола од OFAC за реализација на трансакцијата со Carlyle“, се наведува во соопштението на Лукоил.

Во договорот не се вклучени средствата на компанијата во Казахстан, кои ќе останат во сопственост на руската нафтена групација.

Медиумите уште во ноември објавија дека за странските средства на Лукоил постоел интерес и од други големи енергетски компании, меѓу кои Chevron, ExxonMobil и Националната нафтена компанија на Абу Даби.

Според аналитичарите, вкупната вредност на странските средства на Лукоил изнесува околу 22 милијарди долари, пренесува Ројтерс.

Компанијата ја објави намерата за продажба на своите странски активи по воведувањето санкции од страна на САД и Велика Британија на 15 октомври.

Лукоил е активен во низа меѓународни проекти во Азербејџан, Узбекистан, Ирак, Египет, Камерун, Нигерија, Гана, Мексико, Обединетите Арапски Емирати и Република Конго, а поседува и рафинерии во Бугарија, Романија и Холандија. Компанијата управува со мрежа од околу 2.500 бензински пумпи во 19 земји, меѓу кои и Македонија.

Би можело да ве интересира

САД ја продолжија лиценцата на „Лукоил“ до 17 јануари за преговори за продажба на имотот

Бислимоски смирува – санкциите без влијание врз „Лукоил Македонија“

САД ја продолжуваат лиценцата за одредени меѓународни операции на Лукоил до 29 април 2026 година

Се бара решение за 550 вработени во Лукоил Македонија

Катерина Ѓуровски

„Лукоил“ ја продава меѓународната мрежа – компанијата во Македонија има 40 бензински пумпи

Катерина Ѓуровски

Жељазков: Имаме еден месец да одлучиме за иднината на рафинеријата Лукоил