(ВИДЕО) МВР: Уапсени се три лица, спречен е транспорт на 150 кг. марихуана

Од:

МВР поднесе кривична пријава против М.З.(37), И.Б.(61) и Г.Б.(59), сите од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

М.З. од лице од Струга купил моторно возило „опел комбо“ во кое заедно со И.Б. сместиле наркотична дрога марихуана, при што го контактирале Г.Б. со цел моторното возило да биде шлепувано од Струга до Скопје за цена од 200 евра, бидејќи не било во возна состојба. Откако пристигнале во Скопје, првопријавениот М.З. заедно со второпријавениот И.Б. побарале од третопријавениот Г.Б. за сума од 40 евра да продолжи да вози до Свети Николе, позади возилото „мерцедес“ во кое тие се превезувале.

На регионален пат во близина на Свети Николе, полициските службеници, по претходно добиени информации дека ќе биде извршен транспорт на поголема количина на дрога, го запреле товарното возило „ивеко“ кое го шлепувало возилото „опел комбо“ и при преглед на задната клупа и во багажниот простор на возилото „опел“, пронајдени се осум торби во кои имало 50 пакувања со марихуана.

По извршено вештачење во Одделот за форензички испитувања, утврдено е дека станува збор за 150 килограми марихуана, извести МВР.

Би можело да ве интересира

Откриени 5 килограми марихуана во автомобил на кумановец

А1он

Во Србија фатен бугарски државјанин со над три килограми дрога

А1он

Медведев: Приказната за дрогата е изговор, вистинската цел е венецуелската нафта

Податоците од САД ги побиваат тврдењата на Трамп: Кокаинот во САД не доаѓа од Венецуела

Мадуро: Време е за разговори со САД за борба против дрогата

Татко и син осомничени за илегална трговија со марихуана во гевгелиско