Хрватска ја победи Словенија и се приближи до полуфиналето на Европското првенство

Од:

Хрвстаката ракометна репрезентација ја победи Словенија со 29:25 и се приближи до полуфиналето на Европското првенство. Избраниците на Дагур Сигурдсон победија во клучен натпревар на Европското првенство. Најдобри стрелци за Хрватска беа Тин Лучин со седум и Давид Мандиќ со шест гола. Матеј Мандиќ се истакна на голот со седум одбрани и Доминик Кузмановиќ со четири клучни одбрани во второто полувреме.

Словенците се мачеа во нападот на почетокот од натпреварот, Хрватска играше одлична одбрана и ги отежнуваше сите напаѓачки продори. Сигурдсон постави одбрана 5-1 со Марко Мамиќ како преден играч, за што Словенија немаше решение.

Честопати кога го пробиваа тој блок, повратникот во тимот, Матеј Мандиќ, беше одличен на голот, кој направи шест одбрани во првото полувреме. Словенците исто така се обидуваа да играат 7 на 6, но дури ни тоа не им даде предност.

Хрватска имаше водство во текот на целото прво полувреме, најголемото водство беше четири гола, но не можеа значително да се одвојат од противникот во првите 30 минути од натпреварот. Давид Мандиќ се истакна со три гола и дефанзивен ефект.

Ситуацијата се промени во второто полувреме. Хрватска имаше проблеми во нападот, а Словенците успеаја да најдат решение за одбраната и успеаја да го намалат водството. Проблеми се појавија и кога се повреди Звонимир Срна, кој во солзи отиде во соблекувалната. Потоа Словенците израмнија, но Хрватска го врати водството.

Друг клучен момент се случи во 48-та минута кога Јовичиќ доби црвен картон по груб старт на Мартиновиќ. Хрватска продолжи да се мачи во нападот, а најголемата одговорност ја презеде Лучин, кој постигна неколку важни голови.

Хрватска не можеше да се одвои од Словенија, која го одржуваше водството, но на крајот од натпреварот го зголеми водството со важни голови на Лучин и важни одбрани на Кузмановиќ. Во последното коло, Хрватска ќе игра против Унгарија во среда во 18:00 часот и со победа ќе има сигурно место во полуфиналето. Словенија игра против Исланд претходно во 15:30 часот.

Би можело да ве интересира

Возач на камион од Хрватска загина во Италија – го згмечи товар пченка

А1он

Македонија и Португалија одиграа нерешено во драматичен ракометен дуел

Снег паѓа во Хрватска

А1он

Пленковиќ: Политичката сила ми е на врвот, останувам на чело на Владата

Најмалиот град во Европа има само 30 жители, жив споменик е на историјата и традицијата

А1он

Трибина „70 години ракомет во Битола“