Нелоски: Татко ми има право на приватен бизнис, фирмата никогаш не добила тендер

Од:

Сведоци сме на уште една тирада од нечесни и валкани прес-конференции на СДС, партија која денес е петта по политичка сила во Скопје и трета на државно ниво. Наместо со факти, тие настапуваат со невистини, полуинформации и целосно конструирани наративи, со единствена цел – да го одвлечат вниманието од сопственото растројство, дезориентираност и страв од одговорност кај раководството на СДС и Венко Филипче, реагира Владимир Некоски на денешнит обвинувања од СДСМ во врска со неговиот татко.

– Мојот татко е дел од приватна фирма која не учествува во државни тендери, нема добиено ниту еден тендер и на никаков начин не може да влијае или одлучува за државни пари. Овие факти се лесно проверливи.

Како и секој граѓанин, и мојот татко има право чесно да работи. Тој целиот свој работен век го поминал во приватниот сектор, а со трговија се занимава уште пред осамостојувањето на Република Македонија.

Колегите од СДС треба да знаат дека доверба не се гради со лаги и манипулации – така само дополнително се урива сликата за партија која денес е симбол на криминал, корупција, лични интереси и внатрешни фракции.

Бидејќи сум чесен и искрен, а тоа сметам дека треба да биде основен принцип во политиката, ги повикувам од СДС да престанат со инсинуации и прашања, и доколку располагаат со какви било информации, јавно да ги изнесат во потврдна форма. Во тој случај, без двоумење ќе поднесам соодветна тужба за клевета пред надлежните институции, вели Нелоски во објава на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Пропаѓаат милијарди евра од ЕУ, а не 4 милиони евра – Македонија губи поради Мицкоски

(ВИДЕО) Кузеска: Како контролираното судство ја спречи заплената на криминалниот имот на ВМРО и го спаси Груевски

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Николовски: Додека регионот оди напред, добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО