Македонските превозници го блокираа „Ќафасан“ само за товарни возила

Од:

Македонските превозници денеска напладне го блокираа сообраќајот за товарни возила за излез од државата на граничниот премин „Ќафасан“.

Митко Крстаноски, сопственик на транспортна компанија информира дека протестот поради воведувањето на новиот систем за влез и излез (ЕЕС) на Европската Унија, се одвива мирно, организирано и согласно договорот.

– Досега паркирани се 35 камиони, но до крајот на денот очекуваме зголемување на бројот. Остануваме тука до исполнување на нашите барања од страна на Брисел, вели Крстаноски.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, потврди дека протестот тече мирно, без никакви проблеми и нарушувања на јавниот ред и мир.

– Возачите на товарни возила на мирен начин го искажуваат револтот. Протокот на сообраќај за патнички возила на ГП „Ќафасан“ се одвива непречено во редовна постапка и без поголеми задржувања, изјави Димоски.

Покрај „Ќафасан“, македонските транспортери денеска ги затворија за сообраќај и граничните премини Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Блато и Блаце.

Би можело да ве интересира

Превозниците излегоа на протест, Николоски: Блокадата е навремена, Шенген земјите да најдат решение

Милошоски до кипарскиот амбасадор: Прашањето со превозниците да стигне до институциите на ЕУ

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Денеска и утре не се очекуваат блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја

Грците ги затвораат патиштата и граничните премини