Филипче: Мицкоски беше турист во Давос

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на 31. Конгрес на партијата потенцираше дека премиерот Христијан Мицкоски изминатите денови во Давос беше турист, глумејќи светски лидер додека Македонија никогаш не била поизолирана, пукајќи по сите шавови, кадешто народот се бори за корка леб.

„И додека народот се бори за корка леб, каде е премиерот? Во Давос. Глуми светски лидер, прави селфија по ходници затоа што пет дена не направи ниедна средба. Човекот беше турист и ова не е хипербола. Додека дома државата пука по сите шавови, Мицкоски тераше скап туризам платен со народни пари! Македонија е во дипломатска изолација. Европскиот патот е блокиран, а тие немаат план. Европа нè отпиша, а Америка не нè запишува. Наместо во периметарот на САД, со Мицкоски завршивме надвор од кружницата наречена Европа. Вакво дипломатско лудило и конфузија не се оправдува. Ова е предавство на националните интереси. Вакво предавство ќе памтат многу следни генерации“, рече Филипче.

Tој истакна дека единствен план на ВМРО-ДПМНЕ е да нè држат во калта на Балканот, за да можат да владеат без правила, без европски судови, без контрола.

„Сакаат да ја претворат Македонија во карантин зона, во тампон зона за туѓи проблеми, само за да добијат тапкање по рамо и кредит од 6 милијарди евра. Сакаат да ја продадат безбедноста на нашите домови и на нашите деца за ситни политички поени. Тоа е врвен чин на предавство на сопствениот народ! Нема да дозволиме Македонија да стане логор за туѓи геополитички поткусурувања додека децата ги пакуваат куферите да заминат од државата“, нагласи Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ние сме лекот, ние сме гласот што грми – ќе чукнеме на секоја врата, ќе ја разбудиме Македонија

А1он

Филипче: Илјада токсични наслови – докази за организиран линч врз мене и СДСМ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Филипче: Со Мицкоски нема реформи, Македонија тапка во место кон ЕУ

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он