Фатон Сељами од Тетово е нов Народен правобранител

Од:

Собранието денеска во рамки на 65-та седница го избра Фатон Сељами од Тетово за нов Народен правобранител.

За изборот на Сељами гласаа 89 пратеници, шест беа против, а од пратениците кои припаѓаат на заедници што не се мнозинство 28 беа „за“, а осум „против“.

Сељами е дипломиран правник, магистер по правни науки со положен правосуден и нотарски испит.

Мандатот на Насер Зибери, претходник на Сељами, ист

Спикерот Гаши на 12-ти овој месец информира дека на координацијата ги повикал координаторите на пратеничките групи да се усогласат за изборот на народниот правобранител и да се најде решение.

– Ги повикав координаторите на пратеничките групи да се усогласат со народниот правобранител ако можеме да најдеме решение. Немаше некоја забелешка за тоа. Никој не беше против, само ќе треба да се разговара во меѓувреме. Се надевам дека набргу ќе дојдеме до решение. Никој не го оспорува името на кандидатот за народен правобранител. Јас мислам дека ако почнеме нова процедура, уште толку ќе трае и нема никаква гаранција како на крајот ќе заврши затоа што и на новиот оглас не знаеме кој ќе се пријави. Влегувањето во таков процес ќе го ризикува процесот во целина – рече тој.

Според него, за ова прашање потребни се политички разговори на ниво на координаторите на пратеничките групи.

– Што се однесува до нас како Собрание, ние сме ја донеле процедурата до седницата и точката е на дневен ред. Штом има договор, веднаш ќе ја свикам седницата и ќе го гласаме. Ги повикувам пратеничките групи да се договорат. А дали ќе се договорат – тоа е до нив. Неколкупати сум рекол дека проблемот не е името, но веќе сега во јануари, со блокирана институција, ќе биде голем проблем ако се навратиме на нов оглас, нова постапка, тоа ќе биде голем проблем. Дали ние сакаме да го решиме проблемот? Времето нè гази – изјави Гаши и информира дека ако кандидатот се повлече, постои можност од пријавените други кандидати да се изврши филтрирање на нов кандидат за избор на народен правобранител.

Би можело да ве интересира

Гаши: Треба да се повтори огласот за член на Судскиот совет бидејќи има нов закон, денеска или утре ќе има решение за народниот правобранител

Гаши апелира за политички договор околу изборот на Народен правобранител

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право во канцелариите на Народниот правобранител

Левица: Државата месец дена без Народен правобранител за Вреди да инсталира партиски неподобен кадар

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител