Сите банкарски услуги во твојот телефон – со НЛБ мКлик сега можеш сè!

Од:

Се будиш и денот ти започнува со телефонот во рака. И додека го приготвуваш кафето и појадокот, правиш план за денот – состанок врз состанок, ручек со сестра ти, afterwork со другарките, час по јога и вечерта гости. Патем и еден куп банкарски обврски, а ти едноставно немаш време за одење во експозитура и чекање ред. А и зошто да чекаш кога, преку мобилната апликација на НЛБ Банка, НЛБ мКлик, сега можеш сè!

Сега со НЛБ Банка, и отворањето сметка, добивањето дигитална платежна картичка и додавањето во твојот мобилен паричник се случува за само неколку минути, директно од твојата кујна 😊.
Со НЛБ, првата „mobile first“ банка на пазарот која одговара на модерното секојдневие и луѓето кои сакаат сè да им биде на дофат на рака, добиваш безбедно и интуитивно корисничко искуство „од почеток до крај“, подобра контрола над трошоците и целосно елиминирање на потребата од посета на експозитура. Практично решение што го следи твојот животен ритам од утринското кафе до шопингот навечер.

Дигиталните услуги на НЛБ мКлик се достапни за сите пакети со можност самостојно да го промениш пакетот според своите потреби. Штом активираш НЛБ мКлик, лесно и едноставно управуваш со сите свои финансии, отвораш депозит, активираш дозволено пречекорување или зголемуваш лимит, аплицираш за кредит и ги извршуваш тековните банкарски обврски. Притоа, на едно место добиваш целосен преглед и контрола над состојбата и прометот на сите твои сметки, депозити, картични и кредитни продукти.

Во денешниот брз свет, практичноста, ефикасноста и флексибилноста се поважни од кога било. Беспрекорната интеграција на мобилната апликација на НЛБ Банка, е пример за тоа како технологијата може да им овозможи на клиентите да се впуштат во светот на банкарството и да ја преземат контролата врз своите финансии без да го жртвуваат своето драгоцено време.

Пристапот „mobile first“ на НЛБ Банка е одговор на она што денес го бараат клиентите – интуитивни, безбедни и секогаш достапни банкарски услуги. Можноста за отворање сметки, дигитална картичка веднаш и управување со сите финансии на едно место, го трансформира банкарството на начин кој го очекува современиот човек, овозможувајќи му да управува со своите финансии без напор и дозволувајќи му да се фокусира на она што е најважно – семејство, пријатели, работа и благосостојба.

Би можело да ве интересира

НЛБ Банка ја трансформира својата продажна мрежа подготвувајќи ја за иднината Во 2025 обновени осум експозитури на Банката

Социо-економско влијание на НЛБ Банка: 675 милиони евра додадена вредност во домашната економија и над 23.400 поддржани работни места

А1он

40 кошаркарски табли за 40 години НЛБ Банка – Донација за основните училишта по повод Месецот на штедење

Успешно деветмесечје за НЛБ Банка: Одржливо работење, раст на кредитите и депозитите и силен придонес во заедницата

НЛБ Банка започнува со СЕПА плаќања – Побрзи трансфери и значајно пониски надоместоци за плаќања во евра

А1он

Во годината на јубилејот, НЛБ Банка со нова веб страница: Интуитивна структура, прегледна и разбирлива содржина, и лесна навигација