Деветгодишник стави термометар во загреана рерна за да ја убеди мајка си дека е болен

Од:

Деветгодишно момче, во германскиот град Швандорф, предизвика експлозија во својата куќа откако стави термометар во загреана рерна.

Тој го направи ова за да ја убеди мајка си дека е болен, соопшти тамошната полиција.

Според германските власти, рерната беше загреана на околу 200 степени Целзиусови, а термометарот експлодираше по кратко време.

Членови на противпожарната служба и полицијата дојдоа на местото на настанот. Никој не е повреден во инцидентот.

Полицијата изјави дека поради присуството на жива во термометарот, рерната повеќе не може да се користи за подготовка на храна и дека е потребно да се замени.

Би можело да ве интересира

Германија и Норвешка издвојуваат 300 милиони долари за американски ракети за Украина

Србинка (33) тешко повредена во Германија – партнерот ја прободе со виљушка за време на расправија, па побегна

А1он

AfD номинира поранешен фудбалер за претседател на Германија

Шпанија: Еден специјалец е мртов, а на друг му е ампутирана ногата – настрадаа додека проверуваа сомнителен ранец

(ВИДЕО) Има мртви и ранети во експлозија која се случи во челичарница во Измир

Горан Наумовски

ВИДЕО: Активисти во Берлин го фрлија германското знаме на земја, го заменија со палестинско

Катерина Ѓуровски