Новиот француски претседател, Франсоа Оланд, денеска пристигна во ненајавена посета на Авганистан, за да се сретне со француските војници. Тој е придружуван од министерот за одбрана Жан-Ив Ле Дриан и министерот за надворешни работи, Лоран Фабиус, како и од началникот на Генералштабот на француските вооружени сили Едуар Гио.
Откако е избран за претседател, ова е прва посета на Оланд на Авганистан. Пред изборите тој најави дека има намера да ги повлече француските војници од Авганистан до крајот на годинава.