За три сантиметри е зголемен водостојот на Преспанското Езеро во споредба со вчера, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти со вчерашните, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Сепак, водостојот на Преспанското Езеро е за 2,26 метри понизок од проесекот за јануари.
Нивото на Дојранското Езеро е за 85 сантиметри повисоко од просечното, но е 96 сантиметри под договорениот минимум.
Водостојот на Охридското Езеро, пак, е за 10 сантиметри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.
И денеска продолжува трендот на намалување на нивоата на речиси сите реки во земјава.
Исклучок се реките Вардар на мерните места кај Велес и Демир Капија и Црн Дрдим кај Ложани каде има зголемување на водостојот и реките Крива Река кај Крива Паланка, Бабуна кај Богомила и Брегалница кај Берово каде нивото е исто со вчерашното.