Минусни температури во Берово, Попова Шапка под 24 сантиметри снег

Од:

И денеска најниска утринска температура е измерена во Берово.

Како што информираат од УХМР, -5 степени Целзиусови се евидентирани во Берово, -4 во Струмица, Битола, -3 Скопје – Петровец, Демир Капија, Тетово, -2 во Прилеп, Велес, -1 во Скопје – Зајчев Рид, Штип, Претор, Попова Шапка, Кавадарци, Маврови Анови, 0 – Дојран, Крива Паланка, Куманово, Крушево, 1 – Гевгелија, Охрид, 2 – Виница, 4 – Ѓуриште.

До седум часот утрово, висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесувала 24 сантиметри, 9 во Крушево, Маврови Анови.

Според синоптичарите, времето во текот на денов ќе биде променливо облачно и тивко со сончеви периоди.

По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Максималната температура се очекува да биде во интервал од 6 до 13 степени Целзиусови.

Во Скопје, исто така, се очекува времето да биде променливо облачно и тивко, ќе има услови за појава на магла.

Максималната температура според најавите ќе достигне до 9 степени Целзиусови.

Би можело да ве интересира

Парична награда за првороденото дете во Берово во 2026 година

Попова Шапка со најмногу снег и најниски температури во земјава

Обилни врнежи во Маврови Анови, снежна покривка од 43 сантиметри на Попова Шапка

Горан Наумовски

Попова Шапка утре официјално ја отвора скијачката сезона

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Попова Шапка под снег, дождови во Крушево, Охрид и Претор

Горан Наумовски