СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

Од:

Македонија, со политиката на изолација заврши на листа со 75 земји, меѓу кои е и Сомалија, во категорија земји кои се оценети како „трет свет“. Периметар Сомалија, тоа е дипломатијата на Христијан Мицкоски. Минатата година САД ги зголемија царините кон Македонија. Сега, следува и суспензија на визите, велат од СДСМ.

„СДСМ со месеци предупредуваше дека тендер коалицијата ВМРО–ЗНАМ го загрозува стратешкото партнерство со САД и ја носи државата во изолација далеку од ЕУ. Најблискиот соработник на Мицкоски во Владата, Иван Стоилковиќ, има јасни и отворени проруски ставови и директни врски со Москва. Паралелно со антиамериканските активности, Владата на Мицкоски води и отворена анти-ЕУ кампања. Намерно продуцира судири со соседите, со Грција и Бугарија, намерно се отвораат затворени прашања и се измислуваат изговори за блокада на европските преговори.

Сѐ со цел да се оправда изолацијата. Нема реформи, нема напредок. Има само криминални тендери. Паниката во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ е очигледна. САД носат специјален Закон за Западен Балкан, насочен директно кон борбата против криминалот и корупцијата. СДСМ ќе продолжи јасно и гласно да ја разоткрива оваа опасна агенда, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

Мицкоски: Опозицијата да се вразуми и да работиме заедно

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ