Претежно сончево со мала облачност, температури до 13 степени

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла.

Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност.

Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Како што информира УХМР, викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.

Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Денеска облачно со повремен локален дожд

Денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност