Трамп предупреди: Егзекуции на демонстранти ќе донесат остар одговор

Од:

САД ќе преземат многу силни мерки доколку иранската влада се обиде да ги обеси демонстрантите, изјави денес американскиот претседател Доналд Трамп, но не прецизираше за каков вид мерки станува збор.

– Не сум слушнал за никакви бесења. Ако ги обесат, ќе преземеме многу силни мерки, рече Трамп, објави CBS.

Според Трамп, „значителен број луѓе“ се убиени за време на последните две недели, и повтори дека „помошта е на пат“ за иранските граѓани во „различни форми“, вклучително и економска помош.

Кога го прашаа која е „целта на неговата игра“ во Иран, Трамп рече дека целта е да победи.

„Крајната цел е да се победи. И јас сакам да победам“, изјави Трамп.

Кога го прашале што точно значи тоа, Трамп навел список на американски воени операции од двата негови мандати.

„Ако сакаат да протестираат, тоа е едно, но кога ќе почнат да убиваат илјадници луѓе, а сега зборувате за бесење, ќе видиме како тоа ќе се покаже за нив. Нема да биде добро“, рече Трамп.

Порано денес, Трамп, кога беше прашан за неговата изјава дека „помошта е на пат кон Иран“, рече дека луѓето ќе мора сами да откријат што е тоа.

Трамп претходно им порача на демонстрантите во Иран да продолжат да протестираат и дека помошта е на пат.

„Ирански патриоти, продолжете да протестирате – преземете контрола врз вашите институции. Запомнете ги имињата на убијците и насилниците.

Тие ќе платат голема цена. Ги откажав сите состаноци со ирански претставници сè додека не престане бесмисленото убивање на демонстранти. Помошта доаѓа. MIGA (Направете го Иран повторно голем) претседателе Доналд Џ. Трамп“, објави тој на својата мрежа Truth Social.

Порано денес, два неименувани извори од Министерството за одбрана на САД изјавија дека Трамп е свесен за широк спектар на воени и тајни опции што би можеле да се користат против Иран, вклучително и мерки што одат подалеку од конвенционалните воздушни напади, објави Танјуг. Според повеќе извори запознаени со ситуацијата, тимот за национална безбедност на Трамп денес ќе одржи состанок во Белата куќа за да разговара за ажурираните опции против Иран, но не е познато дали американскиот претседател лично ќе присуствува на состанокот.

Би можело да ве интересира

Шефот на иранското правосудство најави забрзани судења за уапсените демонстранти

Захарова: ЕУ е лицемерна кон протестите во Иран

Пезешкијан: Протестите се резултат на неисполнети економски барања

САД испрати воени бродови и подморници кон Блискиот Исток

Авиокомпаниите ги откажуваат летовите кон Тел Авив

Аракчи: Не сакаме војна со САД, но сме целосно подготвени за неа