Каја Калас: ЕУ подготвува 20ти пакет санкции против Русија и заем од 90 милијарди евра за Украина

Од:

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека политиката на ЕУ е конзистентна во однос на поддршката на Украина и зголемувањето на трошоците за војна за Русија, и најави нов, 20-ти пакет санкции против Москва и заем од 90 милијарди евра за Киев во следните две години.

Калас истакна дека ЕУ ќе ѝ додели на Украина заем од 90 милијарди евра за финансирање на функционирањето на државата и одбраната, а истовремено ќе работи на 20-тиот пакет санкции против Русија, кој треба да биде финализиран до крајот на февруари.

„Рускиот претседател Владимир Путин ќе ги сфати преговорите сериозно само ако го принудиме на тоа“, рече Калас, додавајќи дека Русија има амбиции што одат подалеку од Украина и дека ЕУ мора дополнително да ја подобри својата одбранбена подготвеност, според соопштението на веб-страницата на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Високиот претставник на ЕУ нагласи дека зајакнувањето на европската одбрана не е замена за НАТО, туку придонес кон посилна улога на Европа во рамките на Алијансата, со посебна благодарност до германскиот министер за одбрана Борис Писториус за улогата на Германија во развојот на клучните воени капацитети.

Безбедносните гаранции за Украина мора да бидат сигурни, особено имајќи ја предвид историјата на Русија со лажни обвинувања против нејзините соседи за напади на нејзина територија, кои може да се повторат дури и по прекинот на огнот во Украина, изјави денес високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.

„Зборуваме за безбедносни гаранции и како што рековме во „Коалицијата на волјата“, тие навистина мора да бидат опипливи“, рече Калас на заедничката прес-конференција со германскиот министер за одбрана Борис Писториус за време на посетата на Берлин.

Би можело да ве интересира

Каја Калас за американското соборување на Мадуро: Тој немаше легитимитет

Каја Калас за нападот врз резиденцијата на Путин: „Неосновани тврдења од страна на агресорот“

Калас за судбината на замрзнатите руски средства: Несогласувањата во ЕУ се „услуга“ за Путин

А1он

Маријани: Каја Калас ја претвори ЕУ во „геополитичко џуџе“

Калас: Критиките во врска со слободите во ЕУ се неосновани

Калас: Мора да ја направиме Украина што е можно посилна