Аријан Ибраим е старо – нов градоначалник на Општина Центар Жупа

Од:

Општина Центар Жупа и во следните четири години ќе ја предводи Аријан Ибраим, кому ова му е четврт последователен мандат на чело на општината.

-На денешните повторени избори правото на глас го остварија 1003 граѓани од вкупно запишаните 7652. Од нив 973 гласале за Аријан Ибраим, додека 30 се неважечки ливчиња. Изборниот ден мина без никакви проблеми, рече Неџип Илјаз претседател на ОИК.

Ибраим (54) беше предложен од Демократската партија на Турците а поддржан од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Првпат за градоначалник беше избран на локалните изборите во 2013 година.

Основно образование завршил во Центар Жупа, по што образованието го продолжил во средното медицинско училиште „Никола Штејн” во Тетово.

Дипломирал на Економскиот факултет при државниот универзитет во Афјон, Република Турција а магистрирал Универзитет во Истанбул, насока меѓународно право.

Инаку, на изборите на 19 октомври 2025 година, Ибраим, кој имаше двајца против кандидати доби 950 гласови, или трипати повеќе гласови од против кандидатите.

Но, поради необезбеден цензус од 33,33 отсто од вкупното гласачко тело, изборот за градоначалник беше повторен денеска, исто како што беше и на минатите локални избори во 2021 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК со пресек до 15 часот: Излезност од 18,18 отсто во четирите општини

(ВИДЕО) Слаба излезеност на повторните локални избори: До 13 часот гласале 8,9 отсто, едно избирачко место неотворено