Српскиот пејач Аца Лукас објави на Инстаграм дека синоќа засега непознати лица се обидоа да го убијат на Јахорина.
– По синоќешниот настап на Јахорина, се обидоа да ме убијат мене и мојот возач, едвај се спасивме живи. Се обидоа да нè убијат, напиша Лукас на Инстаграм.
Пред помалку од два месеци, фотографија од Насер Ориќ и Аца Лукас, која се појави на социјалните мрежи, предизвика бура од коментари и бројни реакции.
Поради оваа ситуација, Јахорина официјално го откажа настапот на Лукас на својот Инстаграм профил.
