Претпладне дожд, попладне снег

Од:

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат само од снег.

Пообилни врнежи ќе има во западните делови, при што висината на снежната покривка на планините ќе се зголеми за 20 сантиметри, а во останатите места од 5 до 10 сантиметри.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 8 степени Целзиусови.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег, кои попладне и во текот на ноќта ќе бидат само од снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 4 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе има локални врнежи од снег и ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи и во понеделник.

Од почетокот на следната седмица наместа утринските температури ќе се спуштат и под -10 степени Целзиусови, а дневните ќе се задржат под нулата.

Би можело да ве интересира

На Пелистер падна снег

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни

Горан Наумовски

Најмногу дожд наврна во Берово

Денеска сончево со температура до 39 степени, попладне услови за дожд и грмежи

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локално со пороен дожд и грмежи, температурата до 36 степени

Денеска облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо