Лажен лекар измамил дедо од Виница за 430 илјади денари

Од:

77-годишен виничанец му дал 430 илјади евра на лажен доктор откако овој му се јавил и му рекол дека ќерката му е повредена и треба да и се изврши операција со вградување шипка.

– На 08.01.2026 во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од над 430.000 денари. Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето му се јавило, се претставило како лекар и го известило дека неговата ќерка е во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со вградување на шипки. Како што е пријавено, лицето му ги побарало парите и откако се договориле во неколку наврати ги однел на договореното место, соопшти МВР.

Како што е пријавено, откако се вратил дома му се јавила неговата ќерка , по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Кривична за кумановец вработен во Управата за имотно-правни работи

Полицаец од Струмица зел 500 евра „за мирно решавање тепачка“

Пијан возач удрил пешак во Охрид и побегнал

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

Ограбена скопјанка на мостот „Гоце Делчев“, приведени двајцата разбојници