Пукање пред црква за време на погреб во САД, две лица се мртви, шестмина се ранети

Од:

Две лица се убиени, а шест други се ранети во пукотница што се случи пред црквата на „Исус Христос“ во Солт Лејк Сити, каде што во тој момент се одржуваше комеморација.

Од шестмината ранети, тројца се во критична состојба, потврди локалната полиција, објави „Солт Лејк Трибјун“. Состојбата на преостанатите тројца повредени лица сè уште не е позната бидејќи тие биле префрлени во болници со приватни возила, изјави портпаролот на полицијата Глен Милс. Сите жртви се возрасни.

Пукањето се случило околу 19.30 часот пред зградата на црквата на Редвуд Роуд. Еден или повеќе од напаѓачите избегаа од местото на настанот, изјави началникот на полицијата на Солт Лејк Сити, Брајан Ред, додавајќи дека никој не е уапсен.

Ред потврди дека сите осум жртви биле застрелани пред црквата и дека полицијата не верува дека станува збор за случаен напад, ниту за напад насочен кон верската заедница. Истражителите ги прегледуваат снимките од надзорните камери од блиските згради и читачите на регистарски таблички. Неколку лица беа приведени на испрашување, но ниту едно во моментов не се смета за осомничено.

„Ги следиме сите траги и информации“, рече Ред.

„Нашите службеници работат вредно и ќе продолжат да работат сè додека овие лица не бидат изведени пред лицето на правдата“, додаде тој.

Улицата Редвуд беше затворена, а полицијата ги замоли жителите да ја избегнуваат областа.

Би можело да ве интересира

Полицаец убиен во пукотница во Делавер

(ВИДЕО) Објавена снимка од осомничениот, интензивна потрага по напаѓачот од Универзитетот Браун

Горан Наумовски

Пукотница на Универзитетот Браун: Најмалку две жртви и осум повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинаа, а 14 се ранети на роденденска забава во Стоктон

Пукање во студентскиот дом на Универзитетот во Оклахома, неколку лица се повредени

Чикаго како воена зона – солзавец, гумени куршуми и пукање