Скриен арсенал муниција и гранати откриен покрај локален пат кај Гостивар

Од:

Голема количина боева муниција, рачни гранати и мини е пронајдена во гостиварскиот регион, откако работници ангажирани на ископ со багер наидоа на сомнителни буриња покрај локален пат меѓу селата Митрови Крсти и Симница.

Случајот бил пријавен вчера попладне во СВР Тетово. Како што информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, при извршување на работни активности на терен, вработени во фирмата што вршела ископ пронашле две пластични буриња исполнети со куршуми, рамки за автоматско оружје, мини и други експлозивни средства.

По пријавата, полициски службеници веднаш го обезбедиле местото, а специјализирани единици започнале со активности за безбедно подигнување и отстранување на пронајдените експлозивни средства.

Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за утврдување на потеклото на оружјето и муницијата, како и за откривање на лицата кои стојат зад нивното складирање.

Би можело да ве интересира

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок