Приведена 40-годишна скопјанка која смртно прегази пешак во Волково

Од:

На 4 јануари 2026 година во 00:45 часот, во село Волково, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 40-годишната М.С. од Скопје.

Според информациите од полицијата, претходно, на 3 јануари околу 20:55 часот на улицата „100“ во Волково, М.С. управувајќи патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, удрила во пешакот Г.И. (60), жител на селото.

Поради здобиените тешки повреди, пешакот починал на местото на настанот, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Извршен е увид од страна на увидна екипа на СВР Скопје, а по целосно документирање на случајот, против возачката ќе биде поднесена кривична пријава по член 300 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва