Ројтерс: Потпретседателката на Венецуела избега во Русија, Москва демантира

Од:

Потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, е во Русија, објави Ројтерс.

Порано денес, Родригез изјави дека венецуелските власти не знаат каде е Николас Мадуро и побара „доказ дека е жив“. Соопштението дојде откако беше потврдено дека Мадуро е уапсен во американска операција и однесен во Соединетите Држави за да му се суди по кривични обвиненија.

Според Ројтерс, Родригез не била во Венецуела во времето на изјавата. Изворите велат дека таа моментално е во Русија, но деталите за нејзиното патување сè уште не се познати.

Венецуелската влада не објави официјални информации за тоа кој моментално ја држи извршната власт во земјата, ниту пак го разјасни статусот на врвните владини функционери по апсењето на претседателот.

Од Москва веднаш пристигна демант дека Родригез ниту отишла ниту пак дека е во Русија.

Би можело да ве интересира

Полскиот премиер изнесе досега непозната бројка за украинските загуби: „Ова се рекорди“

Кремљ ја презема руската имотна база на Nestlé и Auchan

Макрон: „Франција беше мета на руски хибридни напади“

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

Детали за авионската несреќа на Алпите: Загина познат бизнисмен

САД отвораат нов фронт против Русија: Трамп добива овластување за царини до 100%