Еден Италијанец загина, а петмина се водат како исчезнати по пожарот во ски-центарот Кран-Монтана во Швајцарија, додека француското Министерство за надворешни работи соопшти дека девет француски државјани се повредени во пожарот, а осум се уште се водат како исчезнати.
Италијанскиот тинејџер голфер, Емануеле Галепини, загина во пожар во барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана и е првата идентификувана жртва на несреќата, соопшти денес Италијанската голф федерација. Тринаесет Италијанци се хоспитализирани по пожарот, објави Анса.
Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека девет француски државјани се повредени во пожарот, а осум се уште се водат како исчезнати. Жртвите на пожарот се исто така од Полска и Австралија, објави Скај њуз. Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека 14 Полјаци се повредени во пожарот.
