Швајцарска полиција: Четири српски државјани меѓу повредените во Кран-Монтана

Од:

Четири српски државјани се повредени во пожар што избувна во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, објави денес швајцарската полиција.

Вкупно 119 лица се повредени, а полицијата соработува со девет земји во процесот на идентификација.

Лекувањето на повредените на новогодишната ноќ во Швајцарија може да трае со месеци, изјави Ерик Бонвин, директор на болницата Сион.

Тој рече дека планот за итни случаи веднаш бил активиран кога пациенти со тешки изгореници почнале да пристигнуваат на новогодишната ноќ.

„Навикнати сме на трауми и несреќи при скијање, но ова беа многу сериозни повреди“, изјави Бонвин за телевизиската станица Швајцарската романда.

Кога е изгорена голема површина од кожата, телото повеќе нема никаква заштита, објасни Бонвин.

Би можело да ве интересира

Меѓу загинатите во пожарот во Кран-Монтана има државјани на Италија, Франција, Полска, Австралија…

Најнови информации од големата трагедија во Швајцарија: Најмалку 40 лица загинаа, а 119 се тешко повредени

Горан Наумовски

Тајани: Преживеаните од катастрофата во барот Кран-Монтана сè уште не се идентификувани, имаат страшни повреди

Горан Наумовски

Владата нема нови информации за исчезнатиот Македонец во пожарот во Кран‑Монтана

Идентификувана e првата жртва на ужасот во Кран-Монтана, загинатиот е 17-годишен успешен голфер

Ужасот во Швајцарија почнал со шоу: Се појавија фотографии од „запален“ шампањ пред пожарот

Горан Наумовски