Најнови информации од големата трагедија во Швајцарија: Најмалку 40 лица загинаа, а 119 се тешко повредени

Од:

Голема трагедија го погоди швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана на новогодишната ноќ, кога 40 лица ги загубија животите, а 119 беа повредени.

Најмалку 40 лица загинаа, а 119 беа повредени во ужасен пожар што избувна во бар во познатиот швајцарски скијачки центар Кран-Монтана за време на прославите на новогодишната ноќ. Според извештаите на медиумите, многу од жртвите имаат тешки изгореници, а болниците се полни.

Според главната обвинителка на швајцарскиот кантон Вале, Беатрис Пилу, пожарот не бил намерно подметнат, а на местото на трагедијата бил пронајден и Србин, Стефан Ивановиќ (31), кој работел како обезбедувач во барот. Неговата судбина засега е непозната.

Во Швајцарија, знамињата ќе бидат спуштени на половина копје во следните 5 дена како одговор на оваа ужасна трагедија, а во наредните часови ќе продолжат да пристигнуваат нови информации и податоци за повредените, нивната состојба, како и детали за овој несреќен настан што ја зави Швајцарија во темнина.

Би можело да ве интересира

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

Нападот на железничката станица во Швајцарија е терористички чин

А1он

Европол: Десет членови на криминалната организација „Црна секира“ уапсени во Швајцарија

Швајцарија воведува нов данок: Веќе нема бесплатно

(ВИДЕО) Се урна гондола во швајцарски скијачки центар – еден патник загина

А1он

Градоначалникот на Кран-Монтана е меѓу осомничените за пожарот во кој загинаа на 40 луѓе