Утрово на скопските клиники почина двегодишно дете кое беше тешко повредено додека гледаше огномет за време на новогодишната ноќ.
Детето најпрвин беше згрижено во Градската општа болница, а поради сериозноста на повредите итно беше префрлено на Клиниката за детска хирургија. Лекарите констатираа масивно крварење во мозокот.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, информираше дека повредата е предизвикана од метален фрагмент, а сите околности сè уште се истражуваат.
– Во однос на починатото дете, Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција на телото, извести ОЈО.
