Идентификувана e првата жртва на ужасот во Кран-Монтана, загинатиот е 17-годишен успешен голфер

Од:

Првата жртва на ужасниот пожар во Кран-Монтана, Швајцарија, е идентификувана како 17-годишниот италијански голфер Емануеле Галепини.

Неговото име го објави Италијанската голф федерација, која соопшти дека жали за смртта на „млад спортист кој отелотворуваше страст и вистински вредности“.

„Во ова време на голема тага, нашите мисли се со неговото семејство и сите што го сакаа“, соопшти федерацијата.

Најмалку 47 лица загинаа, а 115 беа повредени кога избувна пожар во бар во луксузниот швајцарски скијачки центар. Истражителите се сомневаат дека пожарот е предизвикан од прскалки, но истрагата ќе ја открие официјалната причина.

Би можело да ве интересира

Нереди во Швајцарија: Демонстранти ја попречувaа полицијата да му помогне на повреден малолетник

Горан Наумовски

Трагедија кај Суш: Има загинати и повредени во автобуска несреќа

Ужас во Швајцарија: Убиено едно лице, петмина ранети во пукање на рејв забава

Предраг Петровиќ

Пресврт во Швајцарија: Руси останаа без визи за медицински третман

Швајцарија ја победи Колумбија на пенали

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on