Тешко повредено 12-годишно дете, му пукнала петарда во раката

Од:

Дванаесетгодишно дете од Скопје е тешко повредено по инцидент со петарда што се случил на новогодишната ноќ во општина Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На 31 декември 2025 година во 23:26 часот, од Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив е донесен малолетник со тешки телесни повреди. Според пријавеното, инцидентот се случил околу 23:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром, кога на детето му пукнала петарда во раката.

Како што информира МВР, петардата била фрлена од негов соученик, а повредениот малолетник се обидел да ја тргне со рака за да не му падне на глава, при што дошло до експлозија и сериозни повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Скопјанец се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра, претставувајќи се како лекар од Италија

Велешанец усмртен од камион

Полицаец издавал службени тајни на адвокат на осомничен

Три лица пронајдени починати во Скопје, наредени обдукции

Кривична пријава за дебранец кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците

Кривина пријава за жител на Пласница кој го отшетил возот „Ќиро“