Ново откритие со ВИ: Идентификувани два подтипови на мултиплекс склероза

Од:

Научниците користеле вештачка интелигенција (ВИ) за да идентификуваат два нови биолошки подтипови на мултиплекс склероза, што би можело да го отвори патот за персонализирани третмани и подобри резултати за пациентите, објави списанието Brain.

Студијата опфатила 600 пациенти и комбинирала крвен тест за лесен ланец на протеински серумски неврофиламент (sNfL) со МРИ скенирања на мозок, а податоците биле анализирани со алгоритам за машинско учење наречен SuStaIn, објавува Guardian.

Откриени се два подтипови: sNfL со рана појава, кај која високи нивоа на протеинот се јавуваат рано во болеста и лезиите на мозокот се развиваат брзо, и sNfL со доцна појава, кај која оштетувањето на мозокот се случува побавно и пред да се зголемат нивоата на протеини.

Истражувачите проценуваат дека ова откритие би можело да им овозможи на лекарите попрецизно да ги следат пациентите и да користат целна терапија порано.

Водечкиот автор на студијата, Арман Ешаги, рече дека подтиповите базирани на биологијата на болеста даваат подобар увид од клиничките класификации базирани на симптоми.

Експертите од Здружението за мултиплекс склероза го опишуваат откритието како „возбудливо“ и велат дека тоа би можело да го унапреди развојот на нови, персонализирани третмани за пациенти ширум светот

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја ја засилува стратегијата за вештачка интелигенција со инвестиција од пет милијарди евра

Илон Маск не се откажува од трката за развој на вештачка интелигенција

Пациентите со мултипла склероза бараат пристап до дијагностика и третман без ограничувања

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Застрашувачката најава на Бил Гејтс за 2035 година

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови