СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Од:

Денови наназад гледаме таблоидна офанзива од кујните на ВМРО со ист наратив, исти наслови и ист стил – агресивно повторување лаги за претседателот Филипче. Целта е ДЕФОКУС од криминалните тендери на ВМРО и договорот мигранти за пари. Јавноста се бомбардира со измислици за Дубаи, визи, згради и летови што не постојат, велат од СДСМ.

„Го следат претседателот Филипче, ги злоупотребуваат службите, но не објвавуваат слики од Дубаи? Зошто нема ниту една слика од Дубаи? Затоа што ги нема. Зошто нема фотографија од авион, од било што? Одговорот е едноставен и очигледен – затоа што лажат!

Веќе на граѓаните им се јасни овие провидни манипулации. Забележуваат уште една важна работа: ВМРО и колаборатите од ЗНАМ не демантираат ниту еден факт што го објави СДСМ за криминалните тендери. Нема одговори. Има само copy-paste текстови, сензационалистички наслови и обиди преку медиумска бучава да се прикрие суштината дека ВМРО и ЗНАМ делат криминални тендери зад грбот на народот. Затоа им е потребен дефокс. Затоа се фабрикува приказна за Дубаи. Сакаат темата за криминалните тендери и мигранти за пари да се задуши. Но вистината не се брише со таблоидни наслов. Дефокусот е прочитан. Лагите се разоткриени. Вистината победува. Правдата доаѓа. Борбата против криминалот и корупцијата продолжува.

Би можело да ве интересира

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт