И денеска Богородица-Евзони блокиран двпати по четири часа, во следните три дена грчките земјоделци ќе паузираат

Од:

Како и во изминатите три дена, така и денеска, грчките земјоделци планираат две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја, со што ќе биде во прекин сообраќајот за сите возила за влез и излез од Грција во периодот од 11 до 15 часот по македонско (12 до 16 по грчко време) и од 17 до 21 часот (од 18 до 22 часот по локално време).

Се очекува земјоделците од утре до петок да ги тргнат блокадите поради новогодишните празници за да го олеснат патувањето на граѓаните, како што беше случај и минатата седмица за Божиќ, а в сабота на заеднички состанок да ги одредат нивните следни чекори.

Протестите на земјоделците траат веќе еден месец, започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.

На граничниот премин Евзони, блокадата започна ден подоцна, на 1 декември откако земјоделци од северна Грција ги паркираа нивните трактори на грчката страна од границата, а речиси секојдневно во изминатиот месец на неколку часа го блокираат сообраќајот за сите возила.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за телевизијата „Action 24“ се осврна и на протестите на земјоделците изразувајќи надеж дека во периодот од Нова година до Водици во вторник, земјоделците ќе ги тргнат блокадите и ќе го олеснат патувањето на граѓаните, „без големи тешкотии и непријатности“.

– Колку повеќе се измачуваат граѓаните, толку повеќе земјоделците ја губат оправданоста на нивните барања, особено кога одбиваат да дојдат на дијалог, нагласи Мицотакис.

Додаде дека не треба да се заборави дека во Грција има речиси 400.000 професионални земјоделци, на блокадите можеби има 4.000 трактори, „но огромното мнозинство од земјоделците и сточарите не учествуваат во блокадите“.

Би можело да ве интересира

Прекинат сообраќајот на граничниот премин Евзони – Богородица поради блокада на грчките земјоделци

А1он

Граничниот премин Евзони повторно затворен

Две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони кон Македонија

Предраг Петровиќ

Целосна блокада на „Евзони“ за влез во Грција

А1он

Повторно попладневни блокади на граничните премини „Евзони“ и „Ники“ кон Македонија

Нема да има блокади на границите кон Грција за празниците