Трибина „70 години ракомет во Битола“

Од:

Јавна трибина „70 години ракомет во Битола“ денеска се одржа во Битола во организација на ракометниот клуб „Еурофарм Пелистер“ и Општина Битола. Според градоначалникот Тони Коњановски, 70 години постоење на еден клуб е голема историја.

-Јас не ги делам Пелистер и Битола. Битола и Пелистер е едно единствено и во другите гранки на спортот, особено во ракометот кој најмногу го прослави градот, истакна градоначалникот Коњановски, на јавната трибина во овој град.

За историјата на ракометот во Битола пред присутните зборуваше спортскиот хроничар, новинарот во пензија Димче Миновски, додека за платформата ракометна Битола, претседателот на ЕК „Еурофарм Пелистер“, Зоран Стерјев.

-Битола треба да биде горда со овој клуб, со историјата, да ја негува историјата затоа што без историја нема сегашност, а нема ни да има иднина. Од позиција на претседател на клубот сакам да упатам голема благодарност до сите луѓе кои што во изминатите 70 години несебично, посветено, секој на свој начин со своите можности придонесоа РК „Пелистер“ да биде вистински бренд, не само на македонскиот, не само на поранешна Југославија, туку и на европскиот ракомет, посочи Стерјев.

Вечерва во Битола ќе се одржи ревијален натпревар на ветераните на „Пелистер“.

Би можело да ве интересира

Србија ја прегази Грција и стигна на чекор до финалето на Европското првенство

Француската полиција спречила обид за киднапирање на Мбапе

Целосно e изгаснат пожарот на Пелистер

Под контрола пожарот кај Пелистер, пожарникарите спречуваат ширење кон шумата

Горан Наумовски

Алкараз прв фаворит за титулата на УС Опен, Ѓоковиќ дури трет според прогнозите

Под контрола е пожарот во Националниот парк „Пелистер“