Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

Од:

Зекирја Таири од ВЛЕН од изборната единица 1 е наредниот кандидат за пратеник во Собранието на местото на Беким Сали, кој вчера беше избран за министер за евроинтеграции. Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 164-та седница го разгледа дописот од претседателот на Собранието, Африм Гаши дека согласно Уставот и изборниот законик на доскорешниот пратеник Сали му завршува мандатот и Собранието треба да го верифицира мандатот на наредниот пратеник од листата на ВЛЕН.

– Врз основ на овој допис од страна на претседателот на Собранието Африм Гаши, Државната изборна комисија согласно одредбите од изборниот закон ги спроведе дејствијата во својата надлежност за верификација на мандат на нареден пратеник од истата листа на кандидати и за таа цел ДИК по повод спроведената законска постапка изготви предлог извештај, рече претседателот на ДИК Борис Кондарко.

Согласно Уставот и законските прописи е утврдено дека на Беким Сали му е престанат мандатот вчера и на негово место треба да биде наредниот пратеник од коалицијата Влен, Зекирја Таири од изборната единица 1, и оти ДИК за тоа треба да го информира. ДИК го разгледа известувањето за престанокот на мандатот на Сали и со допис го известува наредниот кандидат Зекирја Таири од овластениот подносител-коалиција ВЛЕН.

– И согласно законскиот рок со посебно известување до архивот на ДИК, кандидатот Зекирја Таири од листата на кандидати за Собранието во изборна единица 1 од овластен подносител коалиција ВЛЕН во законскиот рок потврди и ја извести Државната изборна комисија дека го прифаќа мандатот за пратеник во Собранието за остатокот од мандатот, рече Кондарко.

ДИК го издава уверението кое Таири го прифатил и ќе го достави до Собранието кое ќе ја продолжи постапката за верификација на мандатот.

Претседателот на ДИК, потсети дека редовно течат подготовките на одржување на повторените локални избори за 11 јануари, идната година во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово Ростуше.

Би можело да ве интересира

Директорот ги „шпионира“ вработените во АХВ со камери, ги демне по цел ден во неговата канцеларија

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари