(ВИДЕО) Филипче: Резолуцијата за мигранти е противуставна, забрана на говор како во Третиот Рајх

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на седницата за пратенички прашања во Собранието остро ја критикуваше резолуцијата донесена од парламентарното мнозинство, оценувајќи ја како директен удар врз уставниот поредок и демократските слободи и споредувајќи ја со времето на Третиот Рајх.

„Мислев да прашам нешто за мигрантите, ама вие донесовте резолуција која е противуставна со која што забранувате слобода на изразување, слобода на говор и се заканувате со кривични постапки, исто како во времето на Третиот Рајх. Резолуција, само тоа ќе каже власта, само тоа е вистината“, изјави Филипче.

Тој истакна дека ваквиот документ претставува опасен преседан и отворен обид за замолчување на опозицијата.

„Како Ванчо Михајлов да го пишувал овој документ што мнозинството на власта го изгласа во парламентот“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ Филипче во Собранието укажа дека поради ваквите постапки на власта, целосно е маргинализирана дебатата за суштинските прашања, меѓу кои и реформите во правосудството.

„Сакав да прашам нешто и за реформите во правосудството, нема и за тоа да прашам, затоа што гледаме што се случува. Затоа што нема ниту еден реформски закон. Европа знае дека вие повеќе не сте партнери, знае дека не ја кажувате вистината кога зборувате со европските функционери“, нагласи тој.

Филипче додаде дека двата закони кои Владата сега набрзина ги турка во процедура не ги почитуваат препораките од оценската мисија, туку претставуваат нивна селективна и прилагодена верзија, исклучиво според интересите на власта.

„Само два закони сега, набрзина во постапка и тоа без апсолутно да се имплементираат препораките од оценската мисија, односно некоја ваша која што на власта одговара модификација на тие препораки, кои што треба да бидат реформски закони“ , порача Филипче од собраниска говорница.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Седум големи магацини во САД ќе се таканаречени центри за подготовка за депортација на 80.000 мигранти

Горан Наумовски

Мицкоски: Враќањето на довербата во правосудството е приоритет број еден

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Граѓаните ли се „талог“ затоа што ја критикуваат власта?

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да се избрише Балансерот

Горан Наумовски