По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

Од:

Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 24 декември, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Кичево, соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

– Со тоа, мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат, потенцираа од Министерството.

Претходно, од МЖСПП информираа дека за Кичево важат мерките: да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-интегрирана еколошка дозвола, да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола на инсталациите со Б-интегрирани еколошки дозволи и елаборати, инсталациите со континуиран мониторинг да овозможат јавен пристап на измерените податоци, да се интензивираат вонредните контроли на техничката исправност на возилата, особено оние со дизел горива и нерегистрирани возила, да се интензивираат вонредните контроли на градилиштата, забрана на горење на отворено.

– Се препорачува на сите правни субјекти – работодавци да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. Се препорачува на сите правни субјекти – работодавци да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот. Се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, порачаа тогаш од МЖСПП.

Би можело да ве интересира

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Голема загаденост во Скопје, посебно во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат

Горан Наумовски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски