Американски и канадски воен персонал ќе го следи летот на Дедо Мраз, соопшти прес-службата на Пентагон. Воен и цивилен персонал ќе одговара на повици од деца од целиот свет.
Повеќе од 1.000 канадски и американски униформирани лица, цивилен персонал на Министерството за одбрана и локални учесници во воздухопловната база Петерсон во Колорадо, дом на командата на НОРАД, ќе го посветат своето време на Бoжиќ одговарајќи на стотици илјади телефонски повици од целиот свет, се вели во соопштението.
Агенцијата забележа дека сателитите и борбените авиони, вклучувајќи ги Ф-15, Ф-16, Ф-22 и ЦФ-18, ќе се користат за следење на санките. Оперативниот центар на НОРАД ќе започне со работа денес.
