Спиропали: Заедничката иднина на Македонија и Албанија e во ЕУ

Од:

По отварањето на конзултатот на Република Албанија во Струга, се очекува наредната година да се отвори наш конзулат во Корча, а разговараме и за поврзувањето во различни други области, за добрососедството и за размената на различни проекти, истакна на денешната заедничка прес-конференција министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски со неговата албанска колешка, односно министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, која престојува во нашата земја во прва официјална посета.

Македонскиот министер за надворешни работи, Муцунски истакна дека културните врски меѓу двете земји се силни, како и во делот на заштита на македонското национално малцинство во Албанија, а за што како што вели, сведочат повеќе реализирани активности во годината што изминува.

-По тој повод изразувам и благодарност за одличната соработка, којашто постои на билатерален план по однос на прашањата за заштитата на македонското национално малцинство, коешто живее во Република Албанија. Продолжуваме заеднички низ призмата на многу иницијативи, коишто можат да не обединат. Со Елиса често се гледаме во последниот период, на многу различни форуми, насочени кон нашите заеднички приоритети. Посебно ме радува што во рамките на нејзиниот мандат како министер за европски прашања и надворешни работи одлучува една од нејзините први посети во регионот да биде токму во Скопје, рече Муцунски.

Министерката Спиропали на денешната прес-конференција со Муцунски потенцираше дека кога две држави имаат заедничка желба и заеднички цели наоѓаат време за посети и заедничка соработка во сите сфери, со цел да се подобри животот на граѓаните во двете земји. Спиропали истакна дека географијата не постави како соседи, историјата не научи да бидеме пријатели, а економијата двете земји ги прави партнери.

-Европската интеграција е број еден во надворешната политика на Албанија, но и на албанскиот народ. За нас во Албанија е големо постигнување што за 13 месеци отворивме 34 поглавја, особено во делот на правото, борбата против корупцијата и почитувањето на малцинствата. Уште еднаш се покажа дека нашиот пат е вистинскиот и дека европската иднина на Албанија е неодвоива од траекторијата на Западен Балкан и овој процес не го гледаме како натпревар меѓу земјите кандидатки, туку како пат, кој го одиме заеднички, дестинација која е незибежна и приородно припаѓа на нашите народи, вели Спиропали.

Албанската министерка за Европа и надворешни работи нагласи дека силно ја поддржуваат нашата држава на европскиот пат и тоа какошто вели не само поради тоа што двете земји се партнери, туку затоа што, вели, нашата земја со јаки институции е сигурност за целиот регион.

-Албанија го поддржува интегрирањето на Македонија во Европската Унија, затоа што делиме заедничка иднина, вели Спиропали. Таа при тоа посочи дека мост на соработка меѓу двете држави е албанската заедница во земјава, како и македонското малцинство во Албанија.

-Овој став на Албанија е без двоумење што се однесува за односите со пријателската држава, Влада на Македонија. Освен Албанците во Македонија друг мост којшто не соединува е македонското малцинство во Албанија. Затоа ние го изменивме нашето законодавство за да се зајакне понатаму македонското малцинство, вели Спиропали.

Албанската министерка за Европа и надворешни работи нагласи дека голема е соработката меѓу двете земји во делот на трговската размена, туризмот и културата, а простор за соработка има, вели, и во делот на привлекување поголеми инвестиции, потоа да се отсранат ограничувањето меѓу компаниите. Спиропали најави дека значајна е изградбата на Коридорот 8, а најави дека на првата конференција, којашто ќе се одржи во февруари 2026 година во Тирина ќе биде можност да се потпише договор меѓу четири држави: Италија, Албанија, Македонија и Бугарија, со какошто вели конкретни резултати.

Спиропали истакна дека потпишаните договори меѓу двете држави придонесуваат за полесно живеење, комуникација меѓу двата народи, а еден од нив е и за признавање на дипломите и научните истражувања. На денешната средба со министерот за надворешни работи, Муцунски разговарано е и за отварање на конзулат на Република Албанија во Битола, каде што е усвоена албанската азбука.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Сакаме да постигнеме достоинствено и соодветно решение со нашиот сосед Бугарија

Горан Наумовски

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Татко и син осомничени за илегална трговија со марихуана во гевгелиско

Најстудено утрово во Тетово, Битола, Прилеп и Берово со измерени -4