ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

Од:

Очигледно е дека нема граница која Венко Филипче нема да ја помине за да ги задоволи апетитите и агендата на Зоран Заев. На листата на Извршниот одбор на „новото“ СДС се најде и Јон Фрчкоски, син на идеологот на партијата. Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место, лица кои се компромитирани, лица кои ги злоупотребиле своите службени позиции, лица кои ќе направат се да останат во близина на поранешниот лидер на партијата, но секако и луѓе кои користат наркотици, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јон Фрчкоски, за кој пред неколку месеци излегоа фотографии во јавноста каде јасно се гледа како користи психотропни супстанци, на своето работно место. Филипче немаше коментар за ова, не се огради, па дури и кога Фрчкоски се обиде да даде оставка од директор на Центарот за аналитика на СДС, Филипче не ја изнесе пред Централниот одбор на партијата, па како што изјави и самиот Фрчкоски минатата недела: ,,Не се враќам, никогаш не излегов, мојата оставка не беше разгледана“. Но, Фрчкоски никогаш не одговори на прашањата поврзани со ова, како на пример, каде ја користел дрогата, од каде му е истата? Дали во СДС владеат правила на некаква паралелна реалност, со оглед на тоа што очигледно се целосно отсечени од јавната перцепција? Зарем навистина сметаат дека јавноста не го следи и не го разбира она што го прават, и дека лицата што ги претставуваат како „нови“ се одамна компромитирани, a некои од нив дури и јавно политички потрошени, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Проширувањето на ЕУ мора да продолжи, билатерални прашања не смеат да бидат изговор

ВИДЕО: СДСМ поднесе кривична пријава против Мицкоски за рушење на Уставот и кршење на законите

Катерина Ѓуровски

Филипче испратил писма до ЕУ, вели Мицкоски најавил политички прогон: Премиерот му одговори дека чувствата му се се посилни

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски како некој уличар, ја злоупотребува функцијата претседател на Владата за однапред да и се заканува на опозицијата

ВИДЕО: Мицкоски „има чувство“ дека поранешни премиери, функционери на СДСМ и нивни блиски ќе бидат опфатени со прогони

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ