Мерц: Бескаматниот заем за Украина е политичка порака до Русија

Од:

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека одлуката на Европската Унија да ѝ обезбеди на Украина бескаматен заем од 90 милијарди евра е „јасен сигнал од Европа“ до рускиот претседател Владимир Путин.

Мерц го објави ова на својот профил на социјалните мрежи X, нагласувајќи дека финансискиот пакет за Киев е веќе готов.

„Финансискиот пакет за Украина е готов: Украина ќе добие бескаматен заем од 90 милијарди евра, како што предложив. Ова е јасен сигнал од Европа до Путин“, рече германскиот канцелар.

Тој додаде дека Европската Унија ќе продолжи да ги држи замрзнатите руски средства сè додека Русија, како што рече, не исплати отштета на Украина.

Одлуката на Брисел предвидува дека средствата за заемот ќе бидат обезбедени со задолжување на финансиските пазари, со гаранции од буџетот на Европската Унија, а не директно со користење на замрзнати руски средства.

Некои европски медиуми претходно го сметаа ова решение како политички удар за Фридрих Мерц и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кои се залагаа за модел на заем базиран на идни репарации. Во овој контекст, беа посочени и обидите за притисок врз белгискиот премиер Барт де Вевер да поддржи таков пристап.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гори рускиот „Амазон“, има мртви и тешко ранети

Украина: Пет лица повредени во напад со дрон врз автомобил во Херсон

Украинскиот бизнисмен Јермолаев ја обвини украинската воена разузнавачка служба за обидот за атентат

А1он

Зеленски го назначи Евгениј Хмара за нов министер за одбрана

А1он

Зеленски: Украинците имаат право да протестираат дури и за време на војна

А1он

Слуцки: ЕУ ја поттикнува Третата светска војна со снабдување на Украина со оружје