Кирил Дмитриев: Одбивањето да се користи руски имот за кредити во Киев ќе биде победа за законот

Од:

Специјалниот претставник на претседателот на Руската Федерација и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, изјави дека напуштањето на користењето на руски средства за финансирање на кредити за Украина би било победа за „правото и здравиот разум“.

– Ако е вистина, тогаш укинувањето на првично предложената нелегална шема на ЕУ за користење на руските меѓународни резерви за финансирање на Украина би било голема победа за правото и разумот, како и за гласовите на разумот во Европа кои ја бранеа ЕУ/еврото/Евроклеар, рече Дмитриев.

Според него, таков развој на настаните би бил „силен удар“ за, како што рече, „военоподбуцнувачите, предводени од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен“.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија не се откажува од своето хуманитарно и културно присуство во Германија

Трамп бара нов претседател на Украина, договорот со Путин за дизел-гориво отвора нови тензии

Песков: Санкциите на ЕУ може да го отежнат договорот меѓу Русија и САД за испорака на гориво

Зеленски: Партнерите не ја предупредија Украина за можни напади

Маѓар: Унгарија нема да испорачува оружје за Украина

Песков: Способноста на Украина за изведување напади се намалува од ден на ден

Горан Наумовски