„Сигмоид“ со детали за јавните набавки што ги спомена СДСМ

Од:

По прес-конференцијата на СДСМ, на која беа изнесени тврдења за наводно сомнителни јавни тендери од Генералниот секретаријат на Владата и Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), со реакција во јавноста се огласи компанијата „Сигмоид“.

Од компанијата појаснуваат дека станува збор за групна набавка меѓу фирми од иста групација, односно помеѓу „Сигмоид Гроуп“ ДООЕЛ и „Сигмоид“ ДОО, и дека сите постапки биле спроведени согласно законските прописи.

„Сигмоид“ информира дека е ИКТ групација присутна на пазарот од 2018 година, со портфолио од над 40 клиенти во јавниот и приватниот сектор. Компанијата редовно учествува на јавни набавки во Северна Македонија, но и во други држави, меѓу кои и Естонија. Во земјава, како што наведуваат, имаат реализирано повеќе од 30 договори со јавни институции, како и проекти финансирани преку меѓународни донатори.

Од „Сигмоид“ истакнуваат дека соработуваат со институциите исклучиво на професионална основа, независно од политичката припадност или составот на раководните структури. Додаваат дека дел од договорите се реализирани и со јавни организации од Естонија и од земјите на Западен Балкан, а поголемиот дел од приходите во 2024 година потекнувале од странство.

Во реакцијата, компанијата категорично ги демантира и наводите поврзани со основачот Јован Јанкуловски, наведувајќи дека тој никогаш не бил студент на Машинскиот факултет, ниту пак имал каков било контакт со премиерот.

Дополнително, од „Сигмоид“ нагласуваат дека во реализацијата на споменатите проекти се ангажирани домашни и странски експерти со највисоки меѓународни сертификати од областа на сајбер-безбедноста.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Гостивар повеќе од четири недели е без чиста вода, Владата молчи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штерјова: Дата-центрите ризик за водата, струјата и сметките на граѓаните

СДСМ оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак

Горан Наумовски

СДСМ: Дали и Савески е на екскурзија?

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ