(ВИДЕО) СДСМ: Фирма со тројца вработени добила 1,2 милиони евра за два месеци

Од:

Фирма со само тројца вработени за период од два месеца добила државни тендери во вкупна вредност од околу 74 милиони денари, односно приближно 1,2 милиони евра, од институции под надлежност на Владата предводена од Христијан Мицкоски. Станува збор за „Сигмоид Гроуп“ ДООЕЛ Скопје, компанија формирана пред околу две години, која според јавно достапните податоци има само три вработени, рече на денешната прес конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Фирмата добива договори од: Генералниот секретаријат на Владата, Службата за општи и заеднички работи (СОЗР). Како и во претходните објавени случаи, и овде повторно станува збор за набавки на IT опрема и софтвер. На 13.10.2025 година е склучен договор со Министерството за финансии, вреден околу 60.000 евра. Само два дена подоцна, на 15.10.2025, следи нов договор со Генералниот секретаријат на Владата, во вредност од речиси 980.000 евра. На 01.12.2025 година, шест недели подоцна, фирмата добива уште еден тендер – овојпат од СОЗР, за софтвер за следење на работни процеси, вреден околу 76.000 евра. Во јавноста се отвора и прашањето за можната поврзаност на сопственикот на фирмата, Ј. Јанкуловски, со премиерот Христијан Мицкоски. Според достапните информации, Јанкуловски дипломирал на Машинскиот факултет, на насоката мехатроника и роботика – токму на факултетот каде Мицкоски е професор, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО