Украина предложи примирје за време на Божиќ, Русија одби

Од:

Кремљ денеска јасно го отфрли предлогот на Киев за божиќно примирје, велејќи дека Русија нема намера да ги запре нападите за време на празниците.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва „не сака прекин на огнот што би ѝ дало време на Украина да се прегрупира и да се подготви за продолжување на војната“. Тој додаде дека Русија сака „мир, а не краткорочни, неодржливи решенија“.

Предлогот за божиќно примирје прв го изнесе украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој вчера изјави дека Киев ја поддржува идејата барем привремено да ги запре руските напади, особено врз енергетската инфраструктура, за време на празничниот период.

Кремљ претходно денес изјави дека евентуалното примирје ќе зависи од тоа дали ќе се постигне поширок договор за прекин на војната. Песков, исто така, ги спомена изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за евентуален мировен договор.

„Прашањето е дали ќе постигнеме договор или не. Сакаме да ја запреме оваа војна, да ги постигнеме нашите цели, да ги обезбедиме нашите интереси и да гарантираме мир во Европа во иднина“, рече Песков.

Тој исто така рече дека Москва сè уште не видела никакви конкретни предлози за безбедносни гаранции за Украина, за кои американските и европските претставници велат дека Вашингтон ги дискутира со Киев. Украина, барем засега, тврди дека примирјето за Божиќ би било хуманитарно. Русија се чини решена дека нема да има.

Би можело да ве интересира

Руски дрон го погоди седиштето на СБУ во Киев, има повредени

Предраг Петровиќ

Руски канали: Завршено опкружувањето на Орихив, падот на градот е „прашање на денови“

(ВИДЕО) Нова руска воздушна офанзива врз Киев: Има повредени, активирани сирените за опасност

Предраг Петровиќ

Зеленски призна: Складиште со муниција било во близина на станбените објекти

(ВИДЕО) Експлозии и пожари од двете страни: Загинати кај Киев, погодени магацини во Ростовската област

ВИДЕО: Дронови ја нападнаа Москва

Катерина Ѓуровски