Рената Дескоска e избрана во раководството на Венецијанската комисија

Од:

Рената Дескоска е избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија.

Дескоска преку својот фејсбук профил информира дека изборот го сфаќа како признание за својата активност и за досегашниот придонес во работата на Комисијата.

-Денеска сум избрана за потпретседателка на Венецијанската Комисија, која ја одржува својата 145та сесија на 12 и 13 декември во Венеција. Во текот на вчерашниот ден за нова претседателка на Венецијанската Комисија е избрана Марта Картабија, професорка по уставно право и поранешна министерка за правда во Италија. Денеска се избрани тројца потпретседатели на Венецијанската Комисија: јас, Ерик Холмовик од Норвешка и Тимоти Оти од Обединетото Кралство. Среќна сум за тоа што сум првата потпретседател/ка на Венецијанската Комисија која потекнува од Македонија, но исто така и која потекнува од земја која не е членка на ЕУ или од било која од земјите кои произлегоа од поранешна Југославија. Денешниот избор го сфаќам како признание за мојата активност и досегашен придонес во работата на Венецијанската комисија. Досега учествував во изработката на 14 мислења за различни земји, кои ги презентирав на пленарните седници и кои едногласно беа усвоени. Воедно како претставник на Венецијанската комисија учествував и во повеќе мисии и конференции. Денешниот избор е обврска повеќе да продолжам со мојот ангажман на промоција на европските стандарди во областа на демократијата, човековите права и владеењето на правото, наведува Дескоска и изразува благодарност до сите што ја поддржале на овој пат.

Би можело да ве интересира

Венецијанска комисија: Се препорачува измена на Уставот со што би се ограничило правото на реизбор на јавниот обвинител

Венецијанската комисија даде позитивно мислење за Предлог законите за јавно обвинителство и за Советот на јавните обвинители

Горан Наумовски

Пред да влезе во собраниска процедура, за Законот за правична застапеност ќе се произнесе Венецијанската комисија

Дескоска избрана за потпретседателка на Поткомисијата за судство на Венецијанската комисија

Лога реагира на објавата на Дескоска: Во темнината пишуваат законски измени за да го уништат правосудниот систем, во светлината држат предавања за правдата

„Седи кец“ – Рената Дескоска за Извештајот на Европската комисија