Зеленски: Украина го финализира мировниот документ од 20 точки

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина го финализира мировниот документ од 20 точки и дека „наскоро“ ќе им го претстави на Соединетите Американски Држави.

Украина и Соединетите Американски Држави денес ќе одржат нови разговори за повоена обнова и економски развој, рече Зеленски во објава на социјалната мрежа X.

„Ја финализираме работата на основниот документ од 20 точки што би можел да ги дефинира параметрите за завршување на војната и очекуваме наскоро да го доставиме до Соединетите Американски Држави, по нашата заедничка работа со тимот на претседателот Трамп и партнерите во Европа“, рече Зеленски.

Тој најави дека по разговорите ќе следи виртуелен состанок на таканаречената Коалиција на волјата.

„Работиме многу продуктивно за да обезбедиме безбедност во иднина и да спречиме повторување на руската агресија“, додаде Зеленски.

Би можело да ве интересира

Европа останува без пари за Киев

Зеленски: Украинските сили нападнаа три нафтени терминали во руската област Ставропол

Зеленски: Извршен е еден од најмасовните ракетни напади врз Киев

НАТО можеби нема да може да го исполни ветувањето од 140 милијарди евра за Украина

(ВИДЕО) Русите започнаа брутален напад: Киев е во пламен

(ВИДЕО) Киев e под најтешкиот ракетен напад од почетокот на конфликтот

Горан Наумовски